10.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Фудбалерите на Шкендија со поддршка за повредениот Ване Крстевски: „Форца Ване!“

Фудбалерите на Шкендија и стручниот штаб на тетовскиот клуб, по одработениот официјален тренинг пред утрешниот дуел со Јагиелонија од Конференциската лига, се фотографираа во знак на поддршка за повредениот Ване Крстевски.

Напаѓачот на тетовци претрпе потешка повреда поради која ќе мора подолго време да отсуствува од терените, но неговите соиграчи и клубот не го заборавија и му испратија силна порака на охрабрување пред новиот европски предизвик.

Ване Крстевски има фрактура на клучната коска и го очекува хируршки зафат, а потоа и подолг рехабилитациски процес.

- Оглас -

Најнови вести