Фудбалерите на шпанскиот прволигаш доживеаја драма во авион: Мислевме дека ќе умреме!

Фудбалерите на шпанскиот прволигаш Кадис преживеаја драма на летот кон Ел Салвадор, каде што треба да одиграат пријателски меч против еден тамошен локален клуб. Поради проблеми со авионот, леталото морало да биде приземјено само 10-тина минути откако полетало. Авионот принудно бил спуштен во Севилја.

Интересно е дека летот доцнел дури осум часа без да бидат кажани никакви причини. Од Кадис сепак решиле да не го одложат патот и трпеливо чекале авионот да полета. Драмата започнала 10 минути по полетувањето, кога еден од моторите на авионот Боинг 767 престанал да работи.

Пилотот најавил дека авионот мора принудно да слета, а тогаш започнала паниката меѓу фдубалерите.

„Мислевме дека ќе умреме. Секакви мисли ни поминуваа низ главите. Забележавме мала експлозија, а потоа членовите на екипажот станаа панични. Имаше проблем со моторот, но, за среќа, сè заврши добро“, раскажа играчот за врска на Кадис, Алекс Фернандес.

- Оглас -

Најнови вести