Пеп Гвардиола по поразот од Нотингам форест со 1-0 им даде неколку слободни денови на фудбалерите, а најголемата ѕвезда на Граѓаните, Ерлинг Халанд, беше забележан на необично место.
Норвешкиот репрезентативец се одлучи слободното време да го мине во морски риболов на Корнвол, место оддалечено 500 километри од Манчестер. Кога беше забележан од локалните жители, веднаш следуваше фотографирање и делење автограми. Од изјавите кои ги дадоа локалците за англиските медиуми може да се забележи дека тие беа изненадени од посетата на големата ѕвезда, но и од дружбата со него.
Халанд со овој потег откри уште едно свое хоби, риболовот. Регионот Корнвол има малку повеќе од половина милион жител, претежно е рурален дел, а главното занимање е токму риболовот.