Африканскиот куп на нации секогаш нуди неверојатни приказни, а една таква синоќа испиша репрезентацијата на Судан. Иако во третото коло загуби од Буркина Фасо со 0:2, Судан успеа да ја помине групната фаза со три бодови и да биде една од најдобропласираните трети во групите.

Тоа што е посебно неверојатно е дека Судан е првата репрезентација во историјата на АКН што оди во нокаут фазата, а ниту еден нивни играч да не постигне гол во трите натпревари. Освен поразот од Буркина Фасо, Судан загуби со 3:0 и од Алжир, но затоа славеше против против Екваторијална Гвинеја во второто коло со 1:0. Единствениот гол на овој меч всушност беше автогол на еден од играчите на Екваторијална Гвинеја.
Со овој расплет на групата, Судан кој е рангиран на 117 место на ФИФА листата ќе игра во нокаут фазата и тоа со испишување на историски момент на континенталното натпреварување во Африка.
Во осминафиналето, Судан ќе игра против Сенегал.

