СпортМанија во Раденци, Словенија
Фудбалерите на Вардар втора година по ред се подготвуваат во Раденци, Словенија, место кое се покажа како одличен домаќин за „црвено-црните“. Експедицијата на актуелниот освојувач на Купот на Македонија слободното време го искористи за посетна на локалната винарија, каде им се придружи и градоначалникот на Раденци, Роман Лелјак, кој на подарок доби дрес од Вардар.