Вест хем ја оствари петтата победа во Премиер лигата оваа сезона откако на домашен терен славеше против Вулверхемптон со 2-1. Во емотивна атмосфера на стадионот, фудбалерите на Вест хем му го посветија триумфот на повредениот соиграч Мајкл Антонио, кој имаше страшна сообраќајна несреќа и беше опериран поради скршеница на ногата.
Томас Соучек во 54-та минута донесе водство за Вест хем, а гостите израмнија преку Мет Доерти во 69-та минута.
Сепак, само три минути Џеред Боувен постигна победнички погодок за Вест хем на овој дуел.