Екипата на Црвена Ѕвезда се врати од подготовките во Турција, каде одигра пет контролни натпревари и извојува пет победи (едната против Работнички), а при пристигнувањето пред стадионот „Рајко Митиќ“, навивачите му приредија изненадување на тимот на тренерот Владан Милојевиќ.
„Делиите“ почнаа да скандираат и да палат факели, изразувајќи им поддршка на своите миленици пред мечевите во Суперлигата на Србија и националниот куп.
Фудбалерите беа изненадени од дочекот и убавата атмосфера, па со свооите мобилни телефони го снимаа моментот кој ќе им остане во сеќавање и ќе им послужи како мотивација во наредниот период, бидејќи кога имате вакви верни навивачи, одговорноста е голема и треба да се оддолжите.
Првиот меч е на 16 февруари дома против Војводина.