Кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда во вистински момент со смени тренерот Јанис Сферопулос и го ангажираше Саша Обрадовиќ, тоа се покажа како добар потег, бидејќи Црвено-белите со него на клупата имаат низа од три победи по ред во Евролигата, додуша сите три во Белград.
Ѕвезда има вкупно четири победи по ред откако го отпушти Сферопулос, и го обелуваат образот на клубот чии навивачи вечерва беа разочарани од изданието на фудбалерите кои загубија од Брага и имаат само еден бод по три кола во Лига Европа.
Кошаркарите на Обрадовиќ со одлично одиграна трета четвртина која беше клучна, вечерва дома ја совладаа Басконија со 90-72.

