Во полн ек се подготовките на македонската фудбалска репрезентација во Анталија. Нашите најдобри фудбалери ќе ги имаат првите два предизвика за 2024 година, и тоа во пријателски мечеви против Молдавија и Црна Гора.
Предводени од селекторот Благоја Милевски, селекцијата напорно работи, а пораката која е испратена од Анталија е јасна и вели: „Фокусирани и гладни за победи“.