17.8 C
Skopje
среда, 15 октомври 2025

Фудбалерите од Премиер лигата повторно ќе клекнат пред натпреварите во знак на протест

Фудбалерите од англиската Премиер лига планираат викендов да одржат протест против расизмот.

Според британските медиуми, играчите планираат да клекнат пред натпреварите. Ова ќе биде првпат сезонава да го прават тоа.

Капитените на сите 20 тима од Премиер лигата ја поддржаа идејата, но играчите се слободни сами да одлучат дали ќе учествуваат.

Интересно е дека ова ќе важи само за машката Премиер лига, во англиското женско првенство нема да се клекне бидејќи фудбалерките сметаа дека овој симбол го изгубил своето значење.

Ваквиот начин на протест се појави во 2020 година, среде подемот на движењето „Животот на црнците е важен“.

- Оглас -

Најнови вести