Фудбалерите се немоќни – Да не се лажеме, ова е против наша волја и сите не боли

Секако дека ме боли што ќе ми земат 40 проценти од платата. Да не се лажеме, фудбалерите најчесто против своја волја ги прифаќаат мерките на сопствениците на клубовите за намалување на платата, вели фудбалерот на Урал, Андреј Панјуков.

„Јас сум подготвен да играм фудбал. И не сум виновен што има прекин на првенството во Русија. Фудбалерите најчесто против своја волја мора да ги прифатат мерките за намалување на платите во овој период“, вели напаѓачот на рускиот прволигаш.

Во Урал одлуката беше да се скратат платите за 40 отсто, а Панјуков вели дека има разлика меѓу богатите и посиромашните клубови.

„Знам дека во Барселона процентот е 70 отсто со кој ќе им бидат намалени платите на фудбалерите. И на нив не им е сеедно, но секако им е полесно кога заработуваат милиони евра месечно“, вели Панјуков.

Слични мерки спроведуваат и останатите руски клубови по примерот и на најголемите европски гиганти. Руското првенство е одложено до 31 мај и дотогаш сигурно нема да продолжи да се игра во една од топ-10 лигите во Европа.

- Оглас -

Најнови вести