31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Фудбалерите со сопствени автомобили ги донесоа противниците на стадион за да се одигра мечот

Играчите на шпанскиот третолигаш Барбастро покажаа што значи ферплеј во фудбалот откако решија да им помогнат на ривалите против кои играа. Екипата на Утебо требаше да допатува во градот Вера, но автобусот со кој патуваа се расипа на неколку километри пред да пристигнат.

Кога слушнале за проблемот со кој се соочуваат нивните противници, фудбалерите на Барбастра решиле да ги запалат своите приватни автомобили и да ги превезат противниците до стадионот. На крајот успеале двете екипи навреме да пристигнат на стадионот и мечот да се одигра. На крајот, дуелот заврши без победник, 0:0.

„Сакаме јавно да им се заблагодариме на играчите на Барбартро за гестот кој го направија кон нашиот клуб. Откако автобусот со кој патувавме се расипа на неколку километри од градот, сите од тимот на Барбартро се ангажираа и пристигнаа по нас со своите приватни автомобили за да не доведат до стадионот. Овој потег покажува што е големо спортско витештво и ферплеј“, стои во објавата на твитер-профилот на Утебо.

 

- Оглас -

Најнови вести