Фудбалерите тргнаа за Абу Даби, Милевски ќе ги тестира играчите од домашното првенство

Фудбалската репрезентација на Македонија составена од играчи главно од домашното шампионат, како и со интернационалци кои имаат потенцијал да заиграат за националниот тим, отпатува за за Абу Даби, каде што викендов ќе игра пријателски натпревар против селекцијата на Саудиска Арабија.

Репрезентативците треба утре наутро да пристигнат во Абу Даби, каде што в сабота од 16.30 часот ќе го играат натпреварот против Саудиска Арабија.

Овој термин не е во календарот на ФИФА за репрезентативни натпревари, па селекторот Благоја Милевски ќе го искористи да им даде шанса на фудбалери кои настапуваат во македонската Прва лига, како и на интернационалци кои имаат потенцијал да бидат дел од селекцијата, а од искусните играчи во тимот ќе биде само Дарко Велковски, кој настапува на Блискиот Исток, и тоа за екипата на Ал Етифак од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести