Арсими подобро се снајде на водениот и каллив терен во Кратово и изненадувачки победи со 3-1 на гостувањето кај Силекс.
Мечот почна малку подоцна од првично одредениот термин, проценката беше дека сепак има минимум услови за игра, иако на неколку места имаше длабоки вирчиња со вода и топката заглавуваше во нив, правејќи ја контролата екстремно тешка и најголем дел од додавањата по земја беа неуспешни.

Хуриќ, Ајдини и Таипи беа стрелци на головите зa Арсими, кој дојде до шестата победа како нов прволигаш, а Мирчевски погоди за Силекс. И Силекс имаше неколку убави шанси, но не успеаја да погодат и го претрпеа вториот домашен пораз на осум меча сезонава.
Некои од играчите, како домашниот голман Љупче Џеков, мораа да ги сменат дресовите кои беа цели со вода и кал.


