Фудбалерите во зимска атмосфера почнаа со подготовки за дуелот со Романија (Видео)

После собирот во хотел, фудбалската репрезентација на Македонија го одржа и првиот тренинг во пресрет на гостувањето кај Романија, теренот на тренинг центарот на ФФМ беше исчитен од снежната покривка, но сепак тимот на селекторот Игор Ангеловски тренираше во зимски услови.

Ристе Јанков од Работнички е еден од четворицата голмани кои се повикани.

„Чест и задоволство ми е што сум дел од овој тим, благодарност за поканата. Оваа репрезентација има квалитет, веќе покажа дека може да се носи со сите пртивници, и убеден сум дека ќе ја оствариме целта. Со тоа што се пласиравме на ЕП секако дека е огромен мотив да се направи уште еден историски успех, пласман и на СП. убеден сум дека момците постојано ќе даваат максимум, секој меч е важен“ – изјави Јанков

Напаѓачот Влатко Стојановски смета дека Романија е силен тим, иако не се пласираше на ЕП, па ова е шанса за надигрување.

„Покажавме дека можеме да играме со секого, без разлика на рангот. Во репрезентацијата владее добра атмосфера, после пласманот на ЕП, спремни сме за овие три меча во март. Мотивот секогаш е на највисоко ниво кога се игра за својата земја, а иако Романија не се пласираше на ЕП, имаат квалитетни поединци кои играат во топ лигите и потенцијал. Ова е одличен меч за надигрување. Сите ќе не гледаат со поинакви очи. На располагање сум, од селекторот зависи дали и колку ќе играм“ – рече Стојановски.

Инсерти од денешниот прв тренинг може да видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести