33.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Фудбалерките ќе одиграат два тест-меча против Грузија на гостински терен

Женската фудбалска репрезентација на Македонија официјалниот ФИФА-прозорец ќе го искористи да одигра два контролни меча против соодветната селекција на Грузија на гостински терен. Натпреварите во Тбилиси ќе се одиграат на 25 и 28 месецов со почетокот во 15 часот.

Селекторот Кирил Изов за репрезентативниот собир кој започна денес повика 22 фудбалерки, а изненадувачки од актуелниот шампион на Македонија и лидер на табелата во Првата женска фудбалска лига, тетовскиот Љуботен, има само една фудбалерка.

На списокот на Изов се само четири интернационалки, секако, најзвучното име е она на Наташа Андонова, додека останатите 18 фудбалерки се од домашното првенство.

Список на повикани фудбалерки:

Голмани: Ведрана Комненова (Скопје), Кристина Павлоска (Шкендија),

Одбрана: Ана Милчевска (Ланчкахути, Грузија), Сара Ефтинџиоска (Скопје), Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед), Едина Сулејмани (Асс Јунајтед), Елена Панеска (Каменица Саса), Катерина Петкова (Истатов), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија),

Среден ред: Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед), Радица Велкова (Каменица Саса), Хава Мустафа (Шкендија), Александра Марковска (Љуботен), Билјана Панеска (Тиверија), Икмете Лимани (Ввеинберг 76, Германија), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија),

Напад: Јилза Максути (Асс Јунајтед), Веса Села (Асс Јунајтед), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Гентијана Рочи (Купс, Финска), Мила Панева (Скопје).

- Оглас -

Најнови вести