Женската фудбалска репрезентација на САД ремизира без голови против Австралија и го освои второто место во групата Г со 4 бода. Исто толку имаат и австралиските фудбалерки, но составот на Влатко Андоновски поради подобра гол-разлика обезбеди подобар пласман.
Алекс Морган успеа да ја затресе мрежата на Австралија во 32-рата минута, но голот не важеше поради недозволена позиција, па двете селекции во остатокот од средбата решија да ги поделат бодовите.
Во групата Г најдобра беше Шведска со максимален учинок од 9 бода по денешниот триумф над Нов Зеланд со 2-0.