14.8 C
Skopje
четврток, 18 септември 2025

Фудбалерките на Манчестер јунајтед не знаат за ферплеј, решија на некоректен начин да му попречат на противникот (Видео)

Женската екипа на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Лестер славеше со 2:0, а освен погодоците, мечот го одбележа и еден некоретен потег на фудбалерките на Црвените ѓаволи.

Беше досуден слободен удар за Манчестер јунајтед, а две гостински фудбалерки, Елизабет Терланд и Милие Турнер, застанаа пред голманката на Лестер, Џанин Лециг, и ѝ го попречуваа видикот за да не може добро да го намести „живиот ѕид“.

Фудбалерките дури ги креваа и рацете за да може што е можно повеќе да пречат. Ова неспортско однесување наиде на негативни реакции кај гледачите, па во еден момент и судијата реагираше.

- Оглас -

Најнови вести