Фудбалерките не искористија многу шанси и на крајот доживеаја пораз од Летонија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз во Сегментот Ц од Лигата на нациите. Нашите најдобри фудбалерки загубија од Летонија со 1-2 на комплексот „Петар Милошевски“.


Според прикажана игра, Македонија не заслужи пораз. Доминираше во поле, создаде и многу повеќе шанси од противникот, но не ги искористи, а Летонките беа многу порационални кога е ефикасноста во прашање.


Карлина Миксоне во втората минута донесе водство за Летонија, а израмни Улза Максути во 31-вата минута, откако претходно Македонија пропушти да реализира уште неколку шанси.


Во вториот дел, Македонија тргна на победа, имаше неколку одлични шанси, но откако не ги искористи, на спротивната страна повторно стигна казна. И повторно стрелец беше Карлина Миксоне во 81-вата минута.


До крајот Максути ја погоди гредата, Македонија имаше неколку можности за израмнување, но триумфот им припадна на Летонките.

- Оглас -

Најнови вести