Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од 4-0 на гостувањето во Словенија, во последниот натпревар од групата 2 во Лига Ц. По овој пораз, но и по триумфот на Летонија на домашен терен против Молдавија (2-1), нашите фудбалерки го заокружија настапот на третата позиција.
Шансата за пласман во баражот беше испуштена на претходниот меч против Летонија во Скопје, кој избраничките на селекторот Александар Андов го загубија со 1-2 со драматичен гол во последните моменти.
Лара Прашникар беше двоен стрелец за селекцијата на Словенија, а погодија и Каја Коросец и Мирјам Кастелец.