Женската фудбалска репрезентација на Македонија вечерва го игра последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година. Големиот кикс против Летонија на домашен терен минатото коло нѐ стави во незавидна позиција и речиси пред невозможна мисија да се одбрани втората позиција, а со тоа и да обезбедиме пласман во баражот.
Нашите фудбалерки денес гостуваат во Словенија, против репрезентацијата која во Скопје нѐ победи со убедливи 0-5, па јасно е кој е фаворитот на денешниот натпревар. Тоа го кажуваат и квотите во Sport Life, каде што за победа на Македонија и првокласна сензација ќе добиете квота од 25.50.