Фудбалерките примија два гола во судиското продолжение и загубија од Албанија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби со 3:1 од Албанија во пријателскиот натпревар кој се играше во Елбасан.

Фудбалерките загубија со двата гола кои ги примија во судиското продолжение, првиот во 91-та, а вториот во 94-та минута.

Голот за Македонија го постигна капитенката, Наташа Андонова во четвртата минута со кој беше отворен резултатот. До крајот на првиот дел, Албанките успеаја да израмнат, а потоа со двата гола во судиското продолжение, славеа со 3:1.

Фудбалерките в понеделник ќе одиграат уште еден пријателски натпревар, против Црна Гора во Подгорица.

- Оглас -

Најнови вести