32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Фудбалерките против Летонија ќе бараат први бодови во Лигата на нациите (Фото)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со почеток во 15 часот на теренот на ФФМ во Скопје го игра и вториот меч од Лигата на нациите. Противник на нашите фудбалерки е Летонија, селекција која непријатно нѐ изненади на последниот меѓусебен меч во Скопје и нѐ победи со 1-2.

Тоа воедно беше и првата победа на Летонките над Македонија во петте меѓусебни меча. На останатите четири секогаш победуваа нашите фудбалерки. И според квотите во Sport Life, Македонија е фаворит со квота од 2.26. Евентуално изненадување на Летонија има квота од 2.85, додека ремито е со квота од 2.35.

Она што е интересно за меѓусебните дуели на Македонија и Летонија е тоа што само првиот меч во 2011 година не заврши „гол-гол и 3+“. Тогаш Македонија победи со 1-0, потоа следуваа наши победи од 4-1, 3-2 и 4-3, додека на последниот меч се радуваше Летонија со 2-1. Квотата и за оваа игра во понудата на Sport Life е одлична, 2.06.

- Оглас -

Најнови вести