Женската репрезентација на Македонија за фудбалерки до 17 години изминатите денови настапи на квалификациски турнир во Полска за пласман на Европско првенство, но од таму се враќа со три порази на исто толку натпревари, без даден гол и со 19 примени.
На првиот натпревар избраничките на селекторката Катерина Милеска доживеаја вистински дебакл и загубија од домаќинот Полска со 9-0.
Противник на нашите млади фудбалерки на вториот меч беше Данска, кој нè совлада со 3-0, додека на последниот подобар противник беше Шкотска, која победи со 7-0.
Тоа значи дека Македонија турнирот го заврши без даден гол, но со 19 примени, односно во просек по 6.33 по натпревар.
Сепак, самиот пласман во втората фаза од квалификациите може да се смета за голем успех.