26.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Фудбалерот четири месеци го снема од јавноста, а сега открива: „Бев во кома“!

Белгискиот фудбалер Самуел Бастијен минатата сезона играше во дресот за Фортуна Ситард, но по еден меч кој го одигра во април 2025, едноставно исчезна. Никој не знаеше каде е овој играч и зошто го нема никаде.

По неколку месеци енигна, 28-годишниот играч за врска, кој има играно и за екипите на Андерлехт, Киево, Стандард Лиеж и Барнли, конечно реши да открие зошто никаде го немало.

„Бев во кома, во болница. Бев во инвалидска количка“, рече Бастијен за холандските медиуми.

Фудбалерот откри дека сите проблеми започнале по еден пријателски меч кога добил страшни главоболки кои никако не поминувале. Докторот му дал табелти, но ни тоа не му помогнало. Одлучил да оди во болница, направил преглед, а по два дена стигнале резултатите. Играчот морал веднаш да се врати во болницата.

„Сум имал мозочен удар. Сум можел да умрам“, открива Бастијен.

Фудбалерот морал да оди на операција поради вошокот на крв во мозокот. По операцијата му остана лузна од 15-тина сантиметри. Операцијата била сериозна затоа што играчот цели три дена бил во кома, а потоа уште две недели бил во болница на интензивна нега, за потоа да биде префрлен на оделот за рехабилитација.

„Многумина прашуваа каде сум. На инстаграм добив многу пораки, но решив да ја сочувам мојата приватност и да се опоравив со помош на моето семејство. прво бев во инвалидска количка, а потоа морав да одам на штаки. Морав повторно да се учам да одам, но издржав и успеав“, вели фудбалерот.

 

- Оглас -

Најнови вести