24.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Фудбалерот кој еднаш го победи ракот, повторно ќе ја води најважната битка

Холандскиот фудбалер Жан Пол Ботијос потврди дека повторно има рак.  Ботијос еднаш ја победи оваа страшна болест, но за жал сега повторно му се врати. Ќе мора да оди на хемотерапија и на рехабилитација, а сите се оптимисти дека повторно ќе биде победник.

Во септември 2022 година прв пат откри дека има рак на тестисите, а само четири недели подоцна се врати во тимот на Херта Берлин и играше фудбал. На крајот од сезоната, Холанѓанецот не доби продолжување на договорот, па тој се врати во родната земја и тренираше индивидуално. Потоа стигна и лошата вест.

„Ова значи дека треба да одам на хемотерапија и на нова рехабилитација. Едвај чекам за повторно да се вратам и да играм пред полни трибини“, беше пораката од Ботијос.

- Оглас -

Најнови вести