Јоаким Андерсен од Кристал палас добил многу смртни закани на социјалните мрежи по двобојот од англиската Премиер лига помеѓу Ливерпул и Палас, игран доцна синоќа и заврши 1-1.
Дефанзивецот на лондонскиот тим беше удрен со глава од Дарвин Нуњес, по што Уругваецот од Ливерпул доби црвен картон.
„Минатата ноќ добив 300-400 пораки со закани. Ја разбирам вашата поддршка кон клубот, но покажете почит и престанете да го правите тоа. Се надевам дека „Инстаграм“ и Премиер лигата ќе си ја завршат работата“, порача Данецот.
Нуњес за нокаутот доби суспензија од три натпревари.
https://twitter.com/i/status/1559273568101404672