22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Фудбалерот кој колабира на теренот излезе од интензивна нега

Бекот на Фиорентина, Едоардо Бове, кој минатата недела колабира на теренот за време на дуелот против Интер, конечно е подобро и излезе од одделот на интензивна нега. На младиот 22-годишен Бове му се слоши и ненадејно падна на теренот и колабира.

Веднаш реагираа лекарските екипи, беше реанимиран и пренесен во болница, каде што, за среќа, ситуацијата му се подобри. Бове остана во болница неколку дена да направи дополнителни прегледи, а резултатите се дека нема сериозни оштетувања ниту на мозочниот ниту на срцевиот систем.

Денеска тој ја напушти интензивната нега и е во друг дел од болницата.

„Едоардо е добро. Тој закрепнува и е среќен. Мораме да бидеме трпеливи и да го почитуваме неговиот личен простор. Тој веќе е во друга болница, па со него сè е многу подобро“, изјави генералниот менаџер на Фиорентина, Алесандро Ферари, за „Медијасет.“

- Оглас -

Најнови вести