Фудбалерот кој никако не сакаше да се откаже од 15 милиони евра: Не мора ич да играм, парите се мои

Веќе неколку децении фудбалерите се меѓу најплатените во светот, барем кога се работи за оние кои играат во најсилните лиги. Во модерното време се поголем е бројот на случаи кога фудбалерот ќе потпише неколкугодишен милионски договор, а потоа ќе се најде во ситуација да не треба на клубот. Дел од играчите се решаваат да бараат нова средина за да играат, но некои едноставно остануваат во клубот по цена и никогаш да не заиграат додека го носат тој дрес.

Едено од првите кои јавно покажа дека во клубот пристигнал само поради парите е некогашниот холандски репрезентативец Винстон Богард. Дефанзивецот кој се прослави во Ајакс, потоа кратко време играше во Милан, а две години го носеше дресот на Барселона.

Во 2000 година, Богард направи трансфер во Челзи потпишувајќи четиргодишен договор. За многу брзо време Богард се најде на клупата за резерви и беше означен како непотребен. Иако јасно му беше кажано дека нема да игра, Богард без проблем остана четири години во Челзи за да ги заработи парите од договорот, кои беше вреден одлични 15 милиони евра.

„Зошто да ги фрлам 15 милиони евра кога таа пара веќе е моја? Кога го потпишав договорот, автоматски значеше дека парите се мои. Требаше ли да ги фрлам тие пари? Во целиот свет сите работи се вртат околу парите. Ако некој ви понуди милиони, вие ќе ги земете. Ретките се луѓето кои ќе заработат толку многу пари, а јас сум еден од среќниците. Може да ме прогласат за најголемо промашување во Премиер лигата, ама баш ми е гајле“, вели Богард.

Некогашниот холандски репрезентативец во 2005 година стави крај на кариерата, откако му истече договорот со Челзи. За лондонскиот тим во четири сезони, Богард одигра само девет меча, а заработи 15 милиони евра!

 

- Оглас -

Најнови вести