Фудбалерот заработува 12 милиони евра годишно, а се вози со авион за 35 евра

Челзи со 2:0 славеше над Милан во Милано, во меч од Лигата на шампиони, а десниот бек на лондонскиот тим, Рис Џејмс предвреме го заврши мечот поради повреда на коленото. Иако се повреди, тоа не значеше промена на планот на Џејмс, а тоа е слободниот ден кој го имаа фудбалерите на Челзи по тој меч, да го искористи да остане во Милано и да прошета низ градот.

Дел од навивачите на Челзи кои останаа во Милано и по мечот, беа среќни што можеа да го видат Џејмс и да се фотографираат со него.

Тие што го сретнаа Џејмс во Милано беа изненадени, а навивачите кои патуваа со нискобуџетната авиокомпанија „Easy jet“, не можеа да веруваат кога во авионот го забележаа фудбалерот на Челзи.

Џејмс кој е и англиски репрезентативец, годишно заработува по 12 милиони евра, но решил да не се луксузира и од Милано до Лондон да патува со авион чиј билет чинел само 35 евра. Навивачите кои беа во истиот авион искористија можност да земат автограми и да се фотографираат со скромниот Џејмс.

- Оглас -

Најнови вести