Барселона го освои шпанскиот Куп откако го победи Реал Мадрид со 4-3, но во центарот на вниманието беше младиот дефанзивец на Каталонците, Марк Касадо, кој воопшто и не играше на тој меч поради повреда.
Во моментите кога на разгласот беше пуштена химната на Реал Мадрид, навивачите на Барселона започнаа со свирежи, а нив им се приклучи и Касадо. Тоа ги налути навивачите на Кралскиот клуб, а самиот фудбалер првпат по тој настан проговори во јавноста.
„Нема што да се претпоставува, снимката кажува сè“, рече Касадо, со што призна дека свирел на химната на Реал Мадрид, но не покажа знаци на каење, па тоа дополнително ги налути фановите на Кралевите.
Marc Casado whisteling the Real Madrid anthem in the Copa Del Rey final 😂❤️ pic.twitter.com/60QSwyNumw
— Barça Xtra (@XtraBarcaa) May 27, 2025