Фудбалерот на Бордо заврши во кома по судар со противнички играч во првата минута од мечот (Видео)

Напаѓачот на Бордо Алберт Елис е ставен во индуцирана кома откако претрпе сериозни повреди на главата за време на мечот против Генгамп во втората француска лига. Уште во првиот напад на мечот, репрезентативецот на Хондурас во обид да постигне гол со глава (на погоди пречката), имаше судар со противничкиот дефанзивец Гомис и остана да лежи на тревата и тоа по само 34 секунди од почетокот на мечот.

Веднаш на теренот се појави лекарската екипа која цели осум минути му даваше помош, а потоа на носилки беше изненсен од теренот. Според извештаите од Франција, Елис бил свесен, но откако бил пренесен во болница, лекарите го ставиле во индуцирана кома.

Засега нема информации околу состојбата на играчот кој четири години играше во МЛС во тимот на хјустон Динамо, а потоа направи трансфер во Европа. Најпрво го носеше дресот на Боависта, а потоа дојде во Бордо.

За репрезентацијата на Хондурас дебитираше во 2014 година и досега одигра 64 меча во кои постигна 13 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести