Фудбалерот на годината не даде ниту еден гол во групната фаза од ЛШ!

Освојувачот на Златната топка, Карим Бензема, за првпат во кариерата не постигна гол во групната фаза од една сезона во Лигата на шампионите.

Бензема од 2004 година, кога играше во Лион, до лани редовно даваше барем по еден гол во мечевите по групи. Сезонава, не ја затресе мрежата ниту еднаш.

Додуша и повредите го спречуваа да даде максимум. Од шесте меча, Бензема играше на четири, ги пропушти пресметките против Лајпциг. Против Селтик двапати играше по половина час, само против Шахтар ги играше сите 180 минути, но не им даде гол на Украинците.

И покрај негативниот рекорд на Бензема, Кралскиот клуб даде 15 гола на шест меча и оди во осминафиналето како прв од својата група.

- Оглас -

Најнови вести