Фудбалерот на Ливерпул херојски го спаси соиграчот, а потоа ги искара докторите: Мора да бидат побрзи во такви ситуации

Капитенот на Унгарија и ѕвездата на Ливерпул, Доминик Собослаи беше еден од јунаците кои први реагираа да му помогнат на Барнабас Варга кој заработи тешка повреда на дуелот против Шкотска. По еден воздушен дуел, Варга се судри со голманот на Шкотска, а веднаш потоа остана да лежи неподвижен на тревата.

Сите фудбалери панично сигнализираа дека е потребна брза помош за Варга, а Собослаи реагираше меѓу првите.

„Бев меѓу првите луѓе кои пристигнаа таму и остнав шокиран. Се обидов да го свртам на страна, што е најдобро нешто што можам да го направам во таква ситуација. Не можеше да дојде до воздух“, раскажува Собослаи, кој потоа имаше критики за лекарските екипи.

„Не знам каков е протоколот, но тие веднаш треба да трчаат на теренот, ако нас ни е потребна помош. Мислам дека не реагираа доволно брзо. Јас морав да трчам, сите мора да трчаат затоа што во такви моменти секунди се во прашање. Јас не можам да донесам таква одлука, но мора итно да се промени во врска со тоа. Реакцијата мора да биде брза, многу брза. Сите знаат дека секунди се во прашање“, реагираше капитенот на Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести