34.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Фудбалерот на Манчестер јунајтед се откажа од репрезентацијата на Србија

Немања Матиќ реши дека никогаш повеќе нема да го облече дреост на српската репрезентација. Играчот на Манчестер јунајтед ги известил челниците на српската федерација дека се повлекува од националниот дрес.

„Разговаравме со Немања и тој не извести дека е решен да стави крај на репрезентативната кариера. Конкретно не наведе зошто се откажува од репрезентацијата, но истакна дека е време на негово место да дојдат помлади фудбалери. Тоа е одлука на Немања која сите ние треба да ја почитуваме“, потврди спортскиот директор на фудбалста федерација на Србија, Владимир Матијашевиќ.

Матиќ во репрезентацијата на Србија дебитираше во 2008 година, а во изминативе 12 години одигра 48 меча за националниот состав. Тој е играч кој кариерата ја започна во Колубара, а има играно и за Кошице, Челзи, Витезе, Бенфика, а од 2017 година е дел од најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести