За тоа колку може да биде опасен Коронавирусот потврдува и борбата која ја води 23-годишнот фудбалер на Монпелје, Жуниор Самбија. Играчот веќе неколку дена се бори со смртоносната болест, а откако му се влоши здравствената состојба, во четвртокот попладне беше ставен во вештачка кома.
Фудбалерот не можеше самостојно да дише, па беше приклучен на респиратор. Ситуацијата беше критична, но денеска стигнаа добри вести. Самбија се разбудил од кома, почнал самостојно да дише и бил исклучен од респиратор. Страшно е тоа што ситуацијата со Самбија не беше опасна, но неочекувано се случи влошување до тој степен да не може самостојно да дише, па дури мораше да биде префрлен од една во друга болница.
За среќа, сега неговата состојба е подобра и се очекува да закрепне. Самбија сезонава настапи на 22 меча и даде еден гол за Монпелје.
Франција е една од најпогодените земји од Коронавирусот во Европа и досега починаа околу 23.000 луѓе.