Фудбалерот на Наполи се плаши: Криминалци ме следат месец дена

Бразилскиот интернационалец во редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Хуан Жесус преку социјалните мрежи упати порака дека веќе подолго време живее во ужас и страв. објавата ба Жесус стана главна тема во италијанскиот фудбал, откако Бразилецот се пожали дека не се чувствува сигурно и дека го пратат криминалци.

„Откако по повеќе од еден месец ме следеа, денеска се обидоа да ми ја украдат колата. Ова е многу лошо чувство. Почнав да размислувам да се повлечам. Последното што се случи е само шлаг на тортата. Во последните неколку недели пронајдов неколку мини уреди за следење на мојот автомобил. Самата помисла дека овие криминалци знаат кај живеат, не ми дава мир. За жал, никогаш нема да се чувствувам сигурно во овој град“, напиша Жесус.

Бразилецот е во Наполи од 2021 година, а претходно има играно во Рома и Интер. Во Серија А е од 2012 година, а сега прв пат потенцира дека не се чувствува сигурно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести