Фудбалерот на ОФК Београд се извини за срамното однесување на дербито Партизан – Ѕвезда (Видео)

Српскиот фудбалер Марко Гобељиќ јавно се извини за своите постапки за време на дербито Партизан – Црвена ѕвезда кога беше на трибината со фановите на неговата омилена Ѕвезда, иако игра за друг клуб, ОФК Београд.

Освен тоа, сопругот на пејачката Катарина Грујиќ се симна на атлетската патека и заедно со фудбалерите на Ѕвезда ја славеше историската победа од 4-0.

„Сакам да ја искористам можноста јавно да им се извинам на ОФК Београд, на моите соиграчи и на навивачите. На тренингот разговарав со луѓето од клубот и навивачите, и сфатив дека погрешив. Никогаш не сум ја криел ниту ќе ја кријам емоцијата кон Ѕвезда, чиј играч бев во голем дел од кариерата, но свесен сум дека како професионалец згрешив, не можам да бидам навивач на еден клуб додека играм професионално во друг клуб во ист ранг на натпреварување. Моментно ги бранам боите на ОФК Београд, се заљубив во овој клуб и морав да реагирам поинаку и попрофесионално. Ќе ги прифатам дисциплинските мерки од клубот, а потоа ќе се вратам на теренот за да им помогнам на соиграчите“, рече Гобељиќ.

- Оглас -

Најнови вести