Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз кој има еден настап за репрезентацијата на Шпанија, решил да го менува дресот на националниот состав. Дијаз повеќе сака да игра за Мароко, каде би требало да има загарантирано место во стартниот состав.
Дијаз се очекува да дебитира за Мароко во текот на овој месец, кога Мароко треба да игра против Ангола и Мавританија (22 и 26 март). Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид беше во опција и кај селекторот на Шпанија, Луис Енрике, кој сакал да го повика фудбалерот на Реал Мадрид за пријателските дуели против Колумбија и Бразил, но очигледно е дека играчот е веќе се решил за Мароко.
Мајката на Брахим е родена во Шпанија, но неговиот татко е од Мароко и без проблем може да добие и државјанство на оваа земја. Играчот на Реал Мадрид кој има само 24 години, сезонава игра во одлична форма и има дадено осум голови и четири асистенции.
„Брахим Дијаз наскоро ќе игра за Мароко, а не за Шпанија. Одлуката наскоро треба јавно да се соопшти и Дијаз да добие шанса да го облезе дресот на Мароко“, открива новинарот Фабрицио Романо.
🚨🇲🇦 Brahim Díaz will play for Morocco and not for Spain. The decision has been made, expected to be official soon.
Moroccan Federation has been informed tonight, as called by Marca. Confirmed. pic.twitter.com/tgPJFuujrC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 10, 2024