Тати Кастељанос е името кое ќе го паметат во Реал Мадрид затоа што тоа е фудбалерот на Жирона кој успеа да постигне четири гола во триумфот над Кралскиот клуб од 4:2. Аргентинецот два гола постигна во првото полувреме, а потоа уште два пати погоди во вториот дел, што е историско постигнување во шпанското првенство.
Интересно е дека само пред две недели, токму Кастељанос беше трагичарот на каталонскиот дуел против Барселона. Мечот на „Камп ноу“ заврши 0:0, а голгетерот на Жирона ја имаше најдобрата шанса за погодок. Во 55-тата минута, Кастељанос излезе сам пред Тер Штеген, но шутираше многу непрецизно иако можеше и да му додаде на соиграчот кој имаше отворен простор пред противничкиот гол.
Taty Castellanos ha metido un doblete al Real Madrid en 12 minutos.
Taty Castellanos cuando juega contra el Barcelona:pic.twitter.com/dLznerCTHB
— Lavozgalactica (@Lavozgalactica) April 25, 2023