Фудбалерот со македонски корени пред потпис со Реал Мадрид?!

Шведскиот репрезентативец со македонски корени, Дејан Кулушевски, е на радарот на Реал Мадрид и лесно може да се случи во зимскиот преоден рок да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Кулушевски е еден од најдобрите фудбалери во составот на Тотенхем, а блескаше и на дуелот од Премиер лигата против Манчестер јунајтед, кој неговата екипа го доби со убедливи 0-3. Шведскиот репрезентативец има само 24 години, па неговиот евентуален трансфер во Реал Мадрид веќе се споредува со оној на Лука Модриќ, кој одеше по сличен пат за да дојде до Кралскиот клуб, а таму стана вистинска легенда.

Дејан Кулушевски во младинските категории настапуваше за Македонија, но потоа се одлучи да ја промени репрезентацијата и да настапува за земјата во која е роден, Шведска.

- Оглас -

Најнови вести