17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Фудбалерот со најчудното име на свет, секоја буква има посебно значење

Сигурно никогаш немате слушнато за фудбалерот Ефмамјјасонд Гонзалес. Тоа е колумбиски играч кој настапува за тимот на Олвејс реди во Боливија. Изминатиов викенд, во големото дерби на Боливија, Олвејс реди со убедливи 7:2 го победи Стронгест.

Еден од седумте голови за победничкиот тим го постигна Ефмамјјасонд. Малку е тешко да се изговори името на овој играч, но интересно е дека секоја буква има свое значење. Името е составено од 12 букви и секоја буква ги означува 12-те месеци во годината и тоа на шпански јазик. На шпански јануари се вика енеро, потоа следува февруари (фебреро) и така до декември (дициембре).

Бидејќи тешко е да се изговори најчудното име на еден фудбалер, многумина Колумбиецот го нарекуваат Јасонд.

- Оглас -

Најнови вести