Фудбалерот со најмногу настапи за Украина доби забрана од 10 години за влез во земјата

Легендарниот украински фудбалер Анатолиј Тимошчук се најде на листата од 119 личности кои добија забрана за влез во земјата во следните 10 години. Според указот кој го потпиша претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Тимошчук кој е рекордер по бројот на репрезентативни настапи (дури 144), се смета како непожелна личност прогласен за предавник на својот народ.

На Тимошчук уште во март минатата година му беа одземени сите почети кои ги има добиено од Украина за своите постигнувања во фудбалот. Кога започна руската офанзива врз Украина, Тимошчук кој живее во Русија и работи како помошник тренер во Зенит, одби да се врати во татковината.

Освен забраната за влез во земјата, на Тимошчук му се „замрзнти“ сите имоти кои ги има во Украина, блокирани му се сите банкарски сметки, но и сметките на негови блиски луѓе.

- Оглас -

Најнови вести