Фудбалерот со „стаклени нозе“ повторно се враќа на терените

Џузепе Роси своевремено важеше за еден од најталентираните италијански фудбалери, но поради големиот број повреди не успеа да направи подобра кариера.

Сепак, сега веќе 35-годишниот Роси не планира да се пензионира, туку напротив, планира да игра, и тоа во втората италијанска лига, поточно во екипата на СПАЛ.

Раководството на овој тим е подготвен да му даде договор на шест месеци, а доколку и двете страни бидат задоволни од соработката, таа може да биде и продолжена.

Роси своевремено играше за Манчестер јунајтед, Фиорентина, Парма, Џенова, а најголема трага остави во екипата на Вилјареал, каде што одигра 136 натпревари, а постигна 54 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести