Ливерпул победи со 1-0 на гостувањето кај ПСЖ, а Баерн со 3-0 го порази Баер Леверкузен, па Црвените и Баварците се блиску до четвртфинале.
Најдобриот англиски тим сезонава беше тотално надигран во Париз, но домашните не знаеја како да го совладаат феноменалниот Алисон Бекер, кој имаше 8 одбрани. Во 89-тата минута резервата Харви Елиот само што влезе во игра (по 47 секунди), даде гол и ги шокира Французите, па Ливерпул остана со перфектен скор.
Баерн покажа дека сезонава е подобар од Фармацевтите и со двата гола на Хари Кејн, кој стана 11-ти стрелец во историјата на ЛШ, со 3-0 го совладаа Леверкузен и се многу блиску до четвртфинале, каде што ги чека најверојатно Интер.
Ова е голот на Елиот кој му донесе победа на Ливерпул:
GOAL: Elliott
PSG 0-1 Liverpoolpic.twitter.com/0ga85YgopK
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 5, 2025