Денешниот Супер тип има 16 натпревари од два спорта со специјално зголемени квоти. Фудбалот доминира со 14 натпревари, а два меча се тениски и тоа од полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло.
Во првото полуфинале во Монте Карло ќе играат Стефанос Циципас и Јаник Синер и Италијанецот кој игра одлично годинава, е фаворит за триумф и специјално зголемената квота изнесува 1.36. Во второто полуфинале ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд, и српскиот тенисер ја има фаворитската улога (1.38).
Вообичаено, саботната фудбалска понуда е богата со интересни фудбалски натпревари и специјално зголемени квоти за победи има на Атлетико Мадрид над Жирона (2.08), на Борусија Дортмунд над Борусија Менхенгладбах (2.07), на Брентфорд над Шефилд јунајтед (1.50), на Бешикташ над Самсунспор (1.88), на Штутгарт над Ајнтрахт (1.60), на Болоња над Монца (1.68), на Барселона над Кадис (2.03).