Фудбалот е глуп спорт за интелигентни луѓе

Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри потврди дека останува во италијанскиот првак и во следната сезона, но даде и коментар за караницата која ја имаше со некогашниот играч на Интер, Даниеле Адани. По дербито меѓу Јувентус и Интер, Алегри на ТВ екраните се караше со Адани, а неколку пати дури и остро го прекори, велејќи му да молчи додека тренерот зборува.

Алегри признава дека претерал во својата реакција, а интересен беше неговиот коментар.

„Сега сум смирен. Признавам дека малку претерав, но кога слушате дека сте грешеле некаде и тоа од луѓе кои само седат и гледаат, тоа нервира. И јас сум човек и грешам, но не зборам наоколу за тоа како другите треба да си ја вршат работата. Прифаќам конструктивна критика, бидејќи тоа е дел од играта. Но кога два-три пати ќе го слушнеш истото, морав да дадам свое мислење. Ќе ви кажам дека научив дека фудбалот е многу глуп спорт за интелигентни луѓе, бидејќи најлесните работи се најтешки да се направат како што треба“, рече Алегри.

Јувентус по рекорден осми пат во низа ја освои титулата во Серија А, но Старата дама разочара во Лигата на шампиони каде беше елиминирана од Ајакс, а нема да го освои ниту Купот на Италија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести