Фудбалот е само за мажи? Погледнете го овој гол и нема да мислите така (Видео)

На мечот од мексиканската лига помеѓу Тигрес и Чивас (2-0) беше постигнат веројатно голот на годината во женска конкуренција. Фудбалерката на домашните, Лизбет Овале, во 75-тата минута изведе нешто што ретко може да се види и на машки фудбал.

Дваесет и петгодишната фудбалерка успеа да изведе „скорпион“ и веројатно уште од сега да биде фаворит број еден за наградата за гол на годината „Марта“, пандан на машкиот „Пушкаш“.

- Оглас -

Најнови вести