Фудбалот е убав со голови за „Пушкаш“ (Видео)

Жоао Педро ја презентираше сета убавина на фудбалската игра со волшебен потег и прекрасен гол со удар преку себе за Пасош Фереира против Гимараиш во португалското првенство.

Шпицот на домаќините приреди магија во 33-тата минута и постигна гол што може комотно да конкурира за наградата најубав погодок во сезоната, или престижната статуетка што го носи името на легендарниот фудбалер Алфред Пушкаш.

Молскавично реагираше на центаршутот и со удар преку себе без да гледа кон противничкиот гол ја погоди мрежата на Гимараиш.

Пасош Фереира успеа и да победи, со 2:1, и да остане во трката за пласман дури и во квалификациите за Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести