Фудбалот е за сите, порачуваат Челзи и Ливерпул (видео)

Вечерва нè очекува вистински спектакл, во Истанбул ќе се сретнат англиските гиганти Ливерпул и Челзи во мечот кој ќе покаже кој е најдобар во Европа. Дуелот ќе се игра во Истанбул, на „Водафон парк“, стадионот на Бешикташ, со почеток во 21 часот, а делумно е окарактеризиран како прва пресметка меѓу предводниците Јирген Клоп и Френк Лампард. (Повеќе информации околу овој натпревар прочитајте на следниот ЛИНК).

Во пресрет на мегадуелот, фудбалерите на двете екипи утринава се појавија на стадионот за да се навикнат на теренот, но и да ги извршат последните подготовки. Но, тие направија многу поважна работа од самото подготвување.

По предвидените тренинзи, ѕвездите на Ливерпул и Челзи издвоија време да поиграат со децата со инвалидитет, кои добија ексклузивен пристап да се запознаат со нивните херои. Салах, Мане, Фирмино, Канте, Ковачиќ и останатите им го разубавија денот на дечињата, кои цел свој живот ќе го паметат овој момент.

- Оглас -

Најнови вести